Учениците од деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран беа во посета на Отворен ден во СОУ „Богданци“- Богданци. Како идни средношколци наоѓајќи се пред крстопат, Отворениот ден е можност учениците да остварат непосредна комуникација со наставниот кадар и педагошко-психолошката служба во училиштето, директно да се запознаат со различните активности, проектите и условите за работа во училиштето, како и разните програмски подрачја и цели на образованието.