ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран за првенец на генерација 2022/23 го прогласува Васил Стоев, ученик којшто ги заслужува сите најубави зборови и пофалби упатени од страна на наставниците и соучениците за неговиот континуиран успех, примерно поведение, постигнати високи резултати на училишни, регионални и државни натпревари од различни области, секогаш подготвен за соработка и стекнување нови знаења, а притоа справувајќи се со сите предизвици.

На Васил му посакуваме да продолжи храбро кон новите предизвици, блескава иднина, безброј успеси во понатамошното школување и многу радосни моменти. Ние, како училиште ќе бидеме горди на неговите идни високи постигнувања кои несомнено ќе следат. 🍀

Наградата му беше доделена на вчерашната свечена приредба по повод Патрониот празник на нашето училиште.

Честитки Васил!