ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран за првенци на генерација 2020/24 ги прогласува Сара Катранџиева и Босилка Стојанова – ученички којшто ги заслужуваат сите најубави зборови и пофалби упатени од страна на наставниците и соучениците за нивниот континуиран успех, примерно поведение, постигнати високи резултати на училишни, регионални и државни натпревари од различни области, секогаш подготвени за соработка и стекнување нови знаења, а притоа справувајќи се со сите предизвици.
На Сара и Босилка им посакуваме да продолжат храбро кон новите предизвици, блескава иднина, безброј успеси во понатамошното школување и многу радосни моменти. Ние, како училиште ќе бидеме горди на нивните идни високи постигнувања кои несомнено ќе следат.
Честитки Сара!
Честитки Босилка!
Со почит,
ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран