Утре (16.11.2022) во периодот од 08:00 до 10:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ќе се одржи предавање за спречување на малолетнички бракови, како и предавање за запирање и ставање крај на врсничкото насилство.Освен учениците, ги покануваме и родителите кои се заинтересирани за разговор со стручно лице – психолог од Центарот за социјални работи и образовен асистент – дипломиран социјален работник може да дојдат и да присуствуваат на предавањата, а подоцна доколку сметаат дека имаат потреба од било каква психолошка или друг вид на помош може да остварат средба со предавачите.За оние родители, граѓани, кои се заинтересирани за ваквиот тип на обуки или имаат некакви прашања во врска со еднаквите можности помеѓу жените и мажите во Општина Дојран, секој работен ден може да го контактираат Координаторот за еднакви можности од општината.Статистиката покажува дека процентот на малолетнички бремености во Р. Македонија е во пораст, а со тоа и бројот на малолетнички бракови.Исто така алармантна е и состојбата со врсничкото насилство/булинг во училиштата.Едукацијата е најмоќната алатка во борба против овие девијантни појави.Затоа Општина Дојран во соработка со стручни лица организира токму ваков тип на едукативни средби.