Денес, во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, беше изведена претставата „Лажни вести, грешки чести“ од драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, во режија на Даниела Џишева.

Претставата е подготвена со поддршка од Европската Унија, а нејзината содржина е единствена одговорност на ЗГ „Од станица до граница“.

Настанот е дел од регионалната програма „Нашите медиуми“ која промовира медиумска писменост и активизам.