Во склоп со програмата за родова еднаквост помеѓу мажите и жените во Општина Дојран, но и поради серијата на грозоморни настани во нашето соседство, односно во Р. Србија, денес беа одржани работилници во подрачните училишта во Црничани, Фурка и Ѓопчели.
Акцентот на работилниците е на врсничкото насилство/булинг, начини на справување со емоциите, особено стресот, гневот и анксиозноста. Стручно лице, психолог од Центарот за социјални работи Гевгелија ги водеше денешните работилници. Она што е забележливо е видливата вознемиреност на децата поради грозоморниот настан во училиштето во Белград, учениците активно земаа учество во работилниците и ги искажуваа своите мислења, стравови и согледувања на актуелните настани.Се отвори дискусија и заинтересираноста за темата врсничко насилство беше повеќе од очигледна. Вниманието на учениците беше на највисоко ниво.
Ваквите средби се повеќе од потребни, особено во овој турбулентен период низ кој минуваат заедно учениците, но и нивните наставници.Општина Дојран во соработка со нашето училиште и понатаму ќе организира работилници на слични теми кои ги засегаат децата, а се во нивен најдобар интерес.