На ден 03.02.2023 година (петок), со учениците од 9-Б одделение беше одржана работилница на тема: „Меѓуврсничка комуникација и почит меѓу учениците“ во рамки на програмата за промоција, превенција и интервенција во насока на унапредување на менталното здравје од страна на психологот Стефани Шапкарова и педагогот Жаклина Кречева. Учениците активно учествуваа и споделуваа информации од нивното секојдневие во училиштето, беа запознати со основните начини на заемна соработка и другарување преку примери, како би се зацврстила нивната меѓуврсничка комуникација без дискриминирање на ниту еден ученик. А на крај слушнаа и совети за позитивна дисциплина кои би им биле од полза за време на часовите.