На Регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература, одржан во ООУ „Страшо Пинџур“- Неготино, во организација на Сојуз на ДМЈЛ, учество зедоа тројца ученици од нашето училиште:
Љупчо Стоев од осмо одделение, со освоени 78 поени, освои трета награда и пласман на Државниот натпревар. Ментор: Ѓурѓица Чичанова,
Михаела Ајцева од осмо одделение, со освоени 77,5 поени, освои трета награда и пласман на Државниот натпревар. Ментор: Ѓурѓица Чичанова,
Босилка Стојанова од деветто одделение, со освоени 57 поени, освои Пофалница за учество на натпреварот. Ментор: Марија Ангова Цветковска.
Им посакуваме многу успех на учениците во понатамошното натпреварување на Државниот натпревар!