ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран им соопштува на сите ученици кои учат во училиштето дека до крајот на учебната година (14.06.2024) се забранува носење на мобилни телефони.
Доколку ученикот се затекне со користење на мобилниот телефон, телефонот ќе биде одземен и родителот ќе треба да го подигне. Доколку ученикот се затекне по втор пат, мобилниот телефон ќе биде вратен на крајот од учебната година.