Драги деветтооделенци, наши Рацинови следбеници,
Денес Ве испраќаме и го означуваме крајот на вашето основно образование и дружење во училиштето.
Ќе Ве паметиме како генерација која успешно ги совлада сите предизвици коишто ги наметна Ковид пандемијата; како одговорна генерација секогаш подготвена за соработка и стекнување нови знаења; како генерација којашто му донесе многу награди на училиштето од безброј натпревари.
Горди сме на вас и на сите ваши постигнувања, а сега е вистинскиот момент да ја потврдите сопствената зрелост и одлуката за сопствениот животен пат да ја донесете сами. Потенцијалот што го поседувате е неограничен, а на вас останува да го истакнете на површина и да израснете во личности полни со самодоверба.
Чувајте го споменот за Рацин, присетувајте се на сите пријатни моменти и трајни животни вредности коишто тој ги втемели во вас, а нека неговиот глас Ве води храбро на патот кон иднината и отворањето нови хоризонти.
Ви посакуваме многу успех и среќа во понатамошното школување и остварување на вашите соништа.
Со почит,
ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран.
ЧЕСТИТА ПОЛУМАТУРА!