Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/23), министерот за образование и наука распишува

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:

1. Да се државјани на Република Северна Македонија;

2. Да се редовни ученици во основното, односно средното образование;

3. Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

I. Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:

– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

– средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател.II. Потребни документи

📌Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата;

📌Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели;

📌Доколку е дете на починат родител доказ – извод од книгата на умрените и последен чек од пензија;

📌Доколку е дете од разведени родители доказ – решение од правосилна судска пресуда;

📌Доколку е дете на родител пензионер доказ – последен чек од пензија;

📌Доколку е дете на невработен родител доказ – потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија дека е невработено лице кое не прима паричен надоместок или прима паричен надоместок со наведена сума на паричниот надоместок;

📌Изјава од другиот родител/старател за давање согласност, подносител на пријавата да биде таткото/старател, односно мајката/старателка за користење на финансиска поддршка во износ од 1 800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за учениците во основното образование чие семејство има вкупни месечни приходи од нето плата до 50 000 денари.III.

Рок за пријавување

Рокот за пријавување е од 18 до 24 декември 2023 година.

IV. Останати информации

За оние ученици кои не добиле финансиска поддршка на претходните повици или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите Министерството за образование и наука секој месец објавува јавен повик, најдоцна до петтиот ден од месецот.

Повикот трае седум дена од денот на објавувањето за учениците кои не се пријавиле или не ги исполниле условите.

Кога училиштата ќе утврдат дека одреден ученик повеќе не ги исполнува условите за користење на финансиската поддршка, по добиените податоци од училиштата, Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на финансиската поддршка.

Министерството за образование и наука на месечна основа врши исплата за учениците кои ги исполнуваат условите.

Линк од објавата од Министерството за образование и наука