Први април е еден од најомилените денови на децата, ден кој се поврзува со прославата, забавата, шегата, смеењето и доброто расположение. Во пресрет на 1 Април – Денот на шегата, нашите ученици, заедно со одделенските и класните раководители, организираа маскенбал во којшто ги претставија своите костими и маски, се забавуваа, пееја детски песнички и разменија низа досетки, шеги и трикови со неизбежното „АПРИЛИЛИЛИ“.