Свети Климент Охридски е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња (црковно, просветно и книжевно) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.Тој ја упростил глаголицата создавајќи ја втората словенска азбука, кирилицата, нарекувајќи ја така по својот учител Кирил.
Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители.Книжевното дело на Климент претставува камен-темелник на оригиналната словенска и македонска книжевност. Тој е најзаслужниот продолжувач на делото на солунските браќа Кирил и Методиј. Во чест на Климент во Македонија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име.
Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името Свети Климент Охридски.Исто така во негова чест, како еден од творците на словенската писменост, 8 Декември е државен празник со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и создавач на Охридската книжевна школа. Изведба на учениците од четврто одделение во чест на Свети Климент Охридски.