Во текот на вчерашниот ден (16.10.2024 г.), учениците од прво до петто одделение, со низа активности, го одбележаа Светскиот ден на храната:

Стекнување на сознанија за важноста на здравата и балансирана исхрана за здравјето на човекот;

Поттикнување на детето да јаде храна којашто изобилува со витамини и минерали и му дава доволно енергија на нашето тело и сила за сите активности во текот на целиот ден;

Практични активности (изработка на интересни фигури со овошје и зеленчук).