Живееме во свет кој изобилува со убавини, откриени и неоткриени. Убавини кои чекаат да бидат истражени и видени.
Учениците од шесто одделение, заедно со своите класни раководители, реализираа дводневна екскурзија и се запознаа со богатото национално и културно наследство на нашата земја, а и ги проширија своите знаења преку воспитно-рекреативната и компензаторско-образовната функција на вонучилишните активности.