По иницијатива на Ученичката заедница, учениците од осмо одделение слушаа предавање на тема „Емоционална интелигенција“ од страна на училишниот психолог.
Се запознаа со основниот поим, свесноста на личноста за неговите емоции и неговата можност да ја искористи таа свесност во секојдневните ситуации, нивоата на EQ кај луѓето и нејзината примена наспроти интелектуалната. Учениците поставуваа прашања и споделуваа лични искуства.