Во духот на еколошката свест и грижата за нашата околина, директорот Мирослав Бошнаков, наставниците Дејан Вичентиевиќ и Кирил Кречев, заедно со учениците од нашето училиште организираа акција за садење дрвца во училишниот двор. Голема благодарност за донацијата на дрвцата од страна на Hortikultura sadnici.

Оваа активност претставува не само украсување на просторот, туку и важна едукативна лекција за значењето на природата и нашата одговорност кон неа.