ООУ „Кочо Рацин“ за првенец на генерација 2018/22 година го прогласува Мартин Тунев – ученик од IX-Б одделение. Мартин, чекори смело, гордо и достоинствено кон идните животни предизвици. Иднината е пред тебе. Докажи го сопствениот потенцијал и не се откажувај никогаш! Патот до успехот е макотрпен и бавен, но погледот оттаму е најубавата глетка. Ние како училиште ќе бидеме горди на твоите идни високи постигнувања кои несомнено ќе следат. Честитки Мартин!