Учениците од деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран присуствуваа на предавање од страна на Црвен крст за укажување прва помош и заштита од повреди. Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и ги зголемува шансите за преживување во настанатата ситуација во која животот на поединци или група на луѓе е во опасност. Од особена важност е учениците да ја разберат вредноста која првата помош ја има во секојдневниот живот и да разберат дека секој има одговорност да придонесе за побезбедна и посигурна средина во која живее. Земајќи го во предвид овој факт, Црвениот крст на РСМ настојува секој да се стекне со вештини и практично знаење за укажување прва помош.