На 04.03.2023 год. (сабота), во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран беше одржан регионален натпревар по математика за учениците од четврто до деветто одделение.

Натпреварот беше во организација на Сојузот на математичари, а учество зедоја 79 ученици од Дојран, Богданци, Стојаково, Валандово, Јосифово, Гевгелија, Негорци и Миравци.

Резултатите за тоа кои ученици продолжуваат понатаму на државен натпревар се очекува да бидат објавени во текот на наредната недела од страна на Сојузот на математичари.ООУ „Кочо Рацин“ како училиште домаќин беше застапено со 7 свои ученици од сите одделенија.

Наградени и пофалени ученици при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран:

  • Бојана Мазнова IV одделение – I награда, ментор: Драгица Маказчиев;
  • Тиана Јанкулова V одделение – пофалница, ментор: Марија Гугова Стоева;
  • Јована Максимова VI одделение – пофалница, ментор: Ристо Ристов;
  • Љупчо Стоев VII одделение – пофалница, ментор: Ѓорге Атанасов.

    Честитки до сите ученици и ментори!