По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, учениците од деветто одделение, во рамки на наставните содржини по предметот македонски јазик, имаа низа активности. Во чест на оние што нè воведоа во писменоста и цивилизацијата тие цртаа, изготвија предавање и се запознаваа со животниот пат на светите солунски браќа читајќи извадоци од „Панонски легенди“.