Во текот на минатата недела учениците од прво до петто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ја реализираа првата еколошка акција во рамките на училишниот двор. Преку еколошката акција младите имаат за цел да промовираат и развиваат еколошко прифатливо однесување преку рециклирање и намалување на количеството на пластичен отпад, а од особена важност е и создавањето навики за одржување и негување на чиста и квалитетна животна средина.