Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ.

Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може, а да не си споменеме за Блаже Конески и неговата дефиниција за јазикот: „Јазикот е нашата единствена, целосна татковина“, ќе рече Конески и ќе даде совршена дефиниција за значењето на еден јазик и на еден народ.

Негувајте го и чувајте го нашиот мајчин македонски јазик, затоа што тој е наше минато, наша сегашност и наша иднина.