Нашите ученици Михаела Ајцева и Љупчо Стоев од осмо одделение, завчера се претставија на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература одржан во просториите на Филилошки факултет во Скопје.

Михаела Ајцева со освоени 65 поени и Љупчо Стоев со освоени 72,5 поени, под менторство на наставничката Ѓургица Чичанова, достојно го претставија нашето училиште и се стекнаа со признанието ПОФАЛНИЦИ за учество.

Браво за двајцата посветени и талентирани ученици!