Почитувани родители,

ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, врз основа на член 60 од Законот за основно образование бр. 161/19 и 229/20, Ве известува дека запишувањето на ученици во прво одделение за учебната 2025/26 година ќе се врши во текот на месец мај 2025 година (после 7 мај).

Опфатени ќе бидат деца родени во 2019 година и по барање на родител во јануари 2020 година.

Потребни документи:

– Извод од матична книга на родени (фотокопија);

– Лична карта од родител;

– Потврда за примени задолжителни вакцини;

– Потврда за извршен стоматолошки преглед;

– Потврда за извршен офтомолошки преглед;

– За запишување на дете со попреченост, родителот/старателот е должен да достави Мислење за функционална проценка според МКФ.

Потврдите треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа.

Дополнително ќе бидат објавени распоред со наведен датум и термин за уписот на детето, а училиштето ќе достави и покана до родителот/старателот.

Забелешка:

Потврдите за вакцини за запишување во прво одделение се во училиштето OOУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран. Потврдите ќе бидат распределени при уписот на секој ученик посебно.

Потврди од стоматолог може да се вадат во четврток и петок во Богданци, a понеделник, вторник и среда во Гевгелија.

Со почит,

Комисија за запишување во прво одделение