Учениците од прво до петто одделение при ПОУ Ѓопчели и учениците од четврто и петто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран присуствуваа на прославувањата на шестомајските Х’дрелезни обичаи во с. Башибос, Валандово.
Како дел од светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО, пролетните веселби Х’дрелез ја негуваат вековната традиција, го јакнат заедништвото и поттикнуваат на културна соработка на народите.
Учениците учествуваа во активностите, уживаа во прекрасната природа и зеленило и стекнаа нови знаења за пролетното празнување Х’дрелез и фестивалот „Хид Бах Шен Фест“.


