Покана за дефиле и презентација на маски по повод 1 Април

Почитувани родители, Учениците при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран по повод 1 Април – Денот на шегата, Ве покануваат на дефиле и презентација на групни маски. Маскенбалот ќе се одржи на ден 31.03.2023 година во петок, со почеток од 11:00 часот во училишниот двор.

Повеќе

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ

Во тек е одржувањето на Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ – 2023, во кој активно учество зедоа ученици од второ до деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Им посакуваме многу успех и среќа на нашите ученици.

Повеќе

Пролет – добре ни дојде!

Март е еден од најубавите месеци, време кога полека ја испраќаме зимата, а се буди пролетта, прикажувајќи ни ги сите нејзини убавини. Сончевите денови пристигнуваат, насмевките и доброто расположение почесто се присутни, а и природата повторно се буди од зимскиот сон. Во прилог погледнете дел од активностите

Повеќе

Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“. На Конкурсот имаат право да учествуваат сите ученици од основните училишта во Р С Македонија. Трудовите треба

Повеќе

Новогодишни активности, доделување награди, лотарија

ООУ „Кочо Рацин“ во претпразнична, весела еуфорија проследена со лотарија, новогодишни активности и доделување на награди и пофалници на учениците коишто учествуваа и освоија прво, второ и трето место на распишаните конкурси во текот на првото полугодие.

Повеќе

Новогодишни подароци ПУ Црничани

Во весела и празнична атмосфера, а на задоволство и радост на најмалите, ПЗУ „Александра Дент“ ги посети учениците од ПУ Црничани и ги израдува со новогодишни подароци. Ви благодариме!

Повеќе

Новогодишна приредба

Драги ученици, почитувани родители и наши сограѓани! ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран Ве поканува да присуствувате на овогодинешната новогодишна приредба на којашто нашите ученици ќе се претстават со новогодишни стихови, изведби и песни. Не пропуштајте да станете побогати со безброј детски насмевки и волшебни моменти кои

Повеќе