ООУ „Кочо Рацин“ во претпразнична, весела еуфорија проследена со лотарија, новогодишни активности и доделување на награди и пофалници на учениците коишто учествуваа и освоија прво, второ и трето место на распишаните конкурси во текот на првото полугодие.
Повеќе →Драги ученици, почитувани родители и наши сограѓани! ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран Ве поканува да присуствувате на овогодинешната новогодишна приредба на којашто нашите ученици ќе се претстават со новогодишни стихови, изведби и песни. Не пропуштајте да станете побогати со безброј детски насмевки и волшебни моменти кои
Повеќе →На денешен ден пред 114 години во Велес е роден нашиот патрон – Коста Солев Рацин, истакнат интелектуалец и најзначајниот поет кој го трасираше патот кон литературната критика и е еден од основоположниците на современата македонска литература. Вечна Ти слава!
Повеќе →Нека е честит Денот на турската азбука, на сите сограѓани од турскиот етникум и истиот да биде уште една алка во синџирот на заедништво и разбирање. Да останеме обединети во различностите, да се почитуваме меѓусебно и заедно да креираме емпатично образование.
Повеќе →Конкурс за учениците од основното образование на тема „Светот кој го сакам во 2023 година“, распишан од страна на Министерството за образование и наука.
Повеќе →Свети Климент Охридски е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња (црковно, просветно и книжевно)
Повеќе →На ден 05.12.2022 година (понеделник), во спортската сала при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран се одржа зонски натпревар во Одбојка (машка категорија) помеѓу општините Дојран, Валандово и Велес. Резултати во сетови: Валандово – Велес 0:2; Валандово – Дојран 0:2; Велес – Дојран 2:0. Честитки на учениците
Повеќе →Денес (16.11.2022), се одржа предавање за спречување на малолетнички бракови, како и предавање за запирање и ставање крај на врсничкото насилство од страна на стручни лица од Центарот за социјални работи во соработка со Општина Дојран.
Повеќе →Утре (16.11.2022) во периодот од 08:00 до 10:00 часот во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ќе се одржи предавање за спречување на малолетнички бракови, како и предавање за запирање и ставање крај на врсничкото насилство.Освен учениците, ги покануваме и родителите кои се заинтересирани за разговор со
Повеќе →