На 14.9.2026 година беше реализирано предавање на тема „Влијание на алкохолот и цигарите врз здравјето на младите“.
Преку предавањето учениците имаа можност да се запознаат со штетното влијание на алкохолот и цигарите врз физичкото и психичкото здравје, како и со последиците што овие штетни навики можат да ги остават врз животот и развојот на младите.
Целта беше подигнување на свеста кај младите за важноста од донесување правилни и одговорни одлуки, негување здрави животни навики и зачувување на сопственото здравје.
Предавањето го реализираше психологот Стефани Шпакарова.


