Со голема чест и гордост, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, по повод Денот на полицијата, беа поканети во Полициската станица во Гевгелија, каде достојно го претставија нашето училиште. ![]()
![]()
Преку дружење, разговор и запознавање со работата на полициските службеници, учениците имаа можност одблиску да ја почувствуваат важноста на професијата која секојдневно се грижи за безбедноста и мирот на граѓаните.
Им благодариме на припадниците на полицијата за топлиот прием, вниманието и прекрасното искуство што им го овозможија на нашите ученици.

