Во рамките на Детската недела, денес со учениците реализираме повеќе едукативни, креативни и забавни активности посветени на детските права.
Боиме и цртаме на тема детски права,
Изработуваме и украсуваме пано,
Цртаме со креда во училишниот двор,
Гледаме едукативни видеа и разговараме за значењето на детските права.
А најважно од сè – цртаме, боиме, твориме, учиме, се дружиме и се смееме!
Преку игра, разговор и креативност, учениците учат за своите права, се дружат, творат и активно учествуваат.
Ден исполнет со боја, детска креативност, радост и насмевки!





