Учениците од VII и VIII одделение од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран реализираа едукативна екскурзија во Крушево, каде имаа можност одблиску да ги запознаат културните, историските и природните знаменитости на овој прекрасен македонски град.
Во текот на посетата, учениците се запознаа со богатото историско наследство, значајните споменици и традицијата што со години го прават Крушево симбол на македонската историја и култура.
Екскурзијата беше реализирана во придружба на наставниците Гордана Терзиева, Кирил Кречев, Ристо Ристов и Марија Ангова Цветковска, кои заедно со учениците придонесоа ова патување да биде исполнето со дружење, учење и незаборавни моменти.


