Енергија, насмевки и многу ентузијазам на едно место.
Нашите ученици покажаа дека кога се работи со љубов – сè добива посебна вредност.
Училишниот двор доби нов, свеж изглед, исполнет со боја и живот.
Се садеа цвеќиња, се разубавуваше просторот и се создаваше нешто што ќе расте заедно со нас.
Ова беше повеќе од акција – вистинска приказна за заедништво, грижа и позитивна енергија.
Во оваа акција учествуваа и градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, како и ЈПКД „Комуналец“ – Полин Дојран, на кои им упатуваме голема благодарност за поддршката и соработката.
Горди на сите ученици и наставници што беа дел од оваа убава приказна.
Градиме еколошка свест – чекор по чекор, од најмала возраст.


