Со положување свежо цвеќе пред бистата на Кочо Рацин, градоначалникот Илија Тентов, претседателот на советот на Општина Дојран, Митко Тасев и директорот Маријан Божичковиќ, наставниците и учениците оддадоа почит на патронот чие име со гордост го носи нашето училиште.
Патрониот празник е потсетник дека знаењето, творештвото и вистинските вредности остануваат најсилниот темел врз кој се градат новите генерации.
Со почит кон минатото и поглед кон иднината, продолжуваме да чекориме по патот на успехот, инспирирани од делото на Кочо Рацин.
Среќен патронат на сите ученици, наставници и вработени во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран!
Горди на името што го носиме, посветени на иднината што ја создаваме.


