Меѓу сите успеси што се испишуваат низ училишните години, најсилно блескаат оние што се резултат на континуирана посветеност, труд и истрајност.
Димитар Делев и Јована Мазнова се ученици кои со своите континуирани успеси, одговорност и посветеност се издвоија како најуспешни претставници на својата генерација.
Нивните достигнувања не се само признание за вложениот труд, туку и потврда дека вистинскиот успех се гради чекор по чекор, со дисциплина, упорна работа и верба во сопствените можности.
Драги Димитар и Јована,
Вие сте гордоста на ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Ви посакуваме и понатаму со истиот ентузијазам и посветеност да ги освојувате новите хоризонти што се пред вас.
Со особена гордост ќе ги следиме вашите идни успеси.

