Одбојката не е само игра – тоа е тим, борба и вистински спортски дух на терен!![]()
Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на ден 24.03.2026 (вторник), во училишната сала на ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, ги организираше регионалните натпревари во одбојка (машки) за основни училишта.
Како домаќин, ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран го освои III место.
ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп го освои II место.
ООУ „Сандо Масев“ – Струмица го освои I место.
Пофалница за учество доби и ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци.
Честитки за победникот од Струмица и многу успех на државното првенство!
Љубовта кон одбојката се гради од мали нозе.






