Денес во нашето училиште се одигра детската театарска претстава „Тетка Марулка“, во изведба на Театар ХИТ Скопје. 🎭🌱

Преку многу смеа, интересни ликови и весели ситуации, учениците уживаа во приказната за тетка Марулка и нејзиниот двор полн со зеленчук, овошје и цвеќиња. Претставата носи силна и важна порака – да ја чуваме природата и да се храниме здраво, затоа што токму тоа е клучот за здрав и безгрижен живот.

Со помош на комични моменти и интеракција со публиката, децата научија колку е важно да се грижиме за околината, но и за сопственото здравје.

👏 Голема благодарност до актерите за прекрасната изведба и позитивната енергија која ја споделија со нашите ученици!

🌿 Да ја чуваме природата и да избираме здрава храна – затоа што здравјето е најголемо богатство!