Во ПУ ,,Николиќ” се организираше претставување на креативните маски изработени и носени од учениците. По тој повод, училиштето се претвори во вистинска сцена на радост, смеа и фантазија. Учениците со многу ентузијазам и креативност ги претставија своите оригинални маски, покажувајќи ја својата имагинација и труд. Настанот беше збогатен со весело дефиле на маски, во кое учениците гордо продефилираа и ги воодушевија присутните со својата разиграност и шареноликост. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, дружење и заедничка радост.