Во рамките на Детската недела, по повод Светскиот ден на менталното здравје – 10 Октомври, со учениците од VII и VIII одделение реализиравме психолошка работилница посветена на себеспознавањето, изразувањето на чувствата и грижата за менталното здравје.

Учениците активно учествуваа, споделуваа, прашуваа и ги запишуваа своите мисли и чувства, оставајќи ги во „сандачето на довербата“.

Работилницата беше реализирана во соработка со наставник-советник Гордана Терзиева, м-р Стефани Шапкарова и наставник по македонски јазик Елена Василева.

Понекогаш на детето не му треба решение. Му треба некој што ќе го слушне.